Безбедност

Муцунски: Ќе мора да се зголеми буџетот за одбрана со оглед на глобалните случувања

04.12.2024 13:29

Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО. Потврдена силната поддршка за Украина, истакната важноста за силно сојузништво за зачувување на мирот и безбедноста во Европа…

Зголемена поддршка за Украина, силно сојузништво за зачувување на безбедноста во Европа. Во Брисел состанок на министрите за надворешни на земјите членки на НАТО. Министерот Муцунски порача дека Македонија мора да го зголеми буџетот за одбрана.

„Ќе се фокусираме на стратегиските детали, безбедноста на Европа, колективното трошење во одбраната на Европа. Ние сме нација која ја достигна целта од два процента од БДП за одбрана. Очигледно е дека тоа ќе оди нагоре со оглед на глобалните случувања. Мора да зборуваме за зголемување на капацитетите во нашата одбранбена индустрија, која исто така е важна ставка. Треба да зборуваме и за ситуацијата во Западен Балкан за што сме среќни, бидејќи НАТО го препозна како стратегиски важен регион. Грижите кои произлегуваат од регионот, мора да бидат решени за стабилноста на европскиот континент“, изјави шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.

Членките на НАТО се согласни дека заштитата на украинската инфраструктура треба да биде главен приоритет, вели шефот на Алијансата, Марк Руте. Еден од заклучоците е дека НАТО има сериозни сајбер напади, како и дека Западен Балкан е клучен за мирот.

Од Брисел известува Викторија Милевска