Македонија

Тошковски: Уапсени 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица во притвор

04.12.2024 16:23

Тошковски со апел за разум и мудрост, порача дека МВР одлучно ќе одговори против сите коишто ќе се обидат да го погазат достоинството на граѓаните на Македонија, без оглед дали станува збор за сквернавење на државен симбол на Македонија или на која било соседна земја...

Реагиравме одлучно и еднакво кон сите кои го прекршија законот со палење на знамињата, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Посочи дека 18 лица се уапсени, на 4-ца им е определен притвор, а на 10-тина им се изречени прекршочни казни.

Одлучно ќе постапиме во секој момент кога некој ќе се обиде да го погази достоинството на граѓаните, вели првиот полицаец.

За поднесената интерпелација за него од страна на ДУИ, Тошковски со став тезите на ДУИ во најмала рака се контрадикторни и претставуваат низок обид за манипулација на јавноста.

Покрај за Тошковски, интерпелација Фронтот поднесе и за неговиот заменик Астрид Исени, за првиот вицепремиер Изет Меџити и за министерот Иван Стоиљковиќ.

 

Миле А. Ристески