Средба Тошковски – Нешиќ
Панче Тошковски оствари работна средба со делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот за безбедност, Ненад Нешиќ...

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот за безбедност, Ненад Нешиќ. Фокусот на средбата беше ставен на продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на пријателските односи меѓу македонското министерство за внатрешни работи и босанското министерство за безбедност.
Министерот Тошковски уште еднаш се заблагодари на излегувањето во пресрет на Босна и Херцеговина која во периодот на менувањето на личните карти и пасоши дозволи граѓаните кои имаат валидна лична карта и пасош да може да транзитираат низ нејзината територија што е всушност уште еден доказ на добрата соработка на двете министерства и двете полиции во насока на олеснување на животите на своите граѓани.
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ изрази задоволството што Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија немаат отворени прашања, одлично соработуваат како две пријателски земји и тоа и во иднина ќе го негуваат.
Двајцата министри се сложија дека унапредувањето на соработката ќе продолжи и во следниот период и на посетата на министерот Тошковски на министерството за внатрешни работи на БиХ која ќе се случи во првата половина на следната година ќе биде потпишан протокол помеѓу двете министерства за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, со цел размена на професионални искуства во воспоставувањето и функционирањето на различни сегменти на форензички активности, пружање поддршка во унапредувањето на методите на работа, едукација на кадри и научни истражувања.
