Одговорност за приредбата во Челопек ќе понесе една од наставничките
Записникот од вонредниот надзор во Основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата, изјави министерката за образование Јаневска.

Ќе бидат информирани директорот и градоначалникот за да постапат по Закон, но она што е поважно вели е дека и во ова училиште и во неколку други каде што имаше пријави за нерегуларности, ќе се спроведе обука за соживот, мултикултурализам и мултиетничност.
Инспектори го посетија училиштето во тетовски Челопек откако таму на 28-ми ноември била организирана училишна приредба во која учествуваа ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.