Мицкоски: Понудивме цврсти аргументи, не верувам во инстант решенија
Во Брисел разговарано за теми од суштинско значење, изнесувањето аргументи продолжува на редовниот самит ЕУ-Западен Балкан. Премиерот со став понудени се цврсти аргументи од наша страна. Вели не верува во инстант решенија...

Правиме се за изнаоѓање на решение за надминување на спорот со Бугарија – порача премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Брисел и средбите со новото раководство на Европската Унија. Се разговарало за теми од суштинско значење. Биле понудени цврсти аргументи од страна на Владата. Мицкоски рече дека не верува во инстант решенија, и не очекува промени во пристапниот процес до крајот на годинава
„Не верувам во инстант решенија. Правиме сè што можеме шести месец по ред буквално со сите можни, би рекол, личности коишто можат да играат улога во надминувањето на овој наметнат спор којшто не ни дозволува да напредуваме кон полноправно членство во ЕУ поради егзибиционистичката надворешна политика на претходната Влада, односно политика во којашто се гледа само до носот, подалеку од носот никој не гледал, така што сега мораме и тоа да го решаваме и ќе го решаваме, ќе се бориме, нема откажување“, изјави Мицкоски.
Со ниту еден чекор, вели премиерот, нема да ги засрамиме македонските граѓани ниту пак да нанесеме каква било лузна на македонскиот идентитет. Мицкоски најави дека разговорите ќе продолжат и на претстојниот Самит на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.
Марина Стојанова-Тонева
