Соработка

Андоновски на средба со раководството на УСАИД во Вашингтон

04.12.2024 20:11

На средбата се дискутираше за регионалните и националните проекти на УСАИД во кои сме вклучени како држава и како Министерство, во фокусот на разговорите беа сајбер безбедноста, борбата против корупцијата...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски овие денови е во работна посета на Соединетите Американски Држави. За време на својот престој тој оствари средба со високи претставници на УСАИД во Вашингтон.

На средбата се дискутираше за регионалните и националните проекти на УСАИД во кои сме вклучени како држава и како Министерство, во фокусот на разговорите беа сајбер безбедноста, борбата против корупцијата и дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните.

Посетата на Вашингтон продолжува со билатерални средби и мултилатерални настани, стои во соопштението.