Од утре најавен бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“
Прво бојкотираа учениците до четврто одделение во основното училиште „11 октомври“, од утре бојкот на наставата најавен во „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром. Ученик со лошо поведение причина за одлуката на родителите . Министерството нема ингеренции за случајот...

Сите ученици во скопското основно училиште „11 Октомври“ ќе почнат со редовна настава. Родителите завршија со бојкотот откако беше донесена одлука дека кај нив нема да се запише ученикот од Аеродром. Но, сега се побунија родителите на учениците од „Лазо Ангеловски“, преку вибер група едногласно се договориле дека ќе бојкотираат настава доколку ученикот со спорно поведение се врати на настава во оваа училиште. Тие бараат институционално решение на овој проблем којшто трае подолго време.
Според родителите на учениците поради однесувањето на ова дете, десетина ученици се отпишале од одделението.
Наташа Јанчиќ- Менковски
