ЕУ извештај за земјоделство и рурален развој
Северна Македонија е во рана фаза на подготовки за одржливо земјоделство, оценува Европската комисија во последниот годишен извештај. Беше донесен новиот закон за советодавен систем за земјоделството кој е во согласност со правото на Европската унија...

Северна Македонија е во рана фаза на подготовки за одржливо земјоделство.
Одложен е Законот за земјоделство и рурален развој и треба да се усогласи политиката за поддршка со правото на ЕУ, стои меѓу другото во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2024 година.
Беше донесен новиот Закон за советодавен систем, за развој на овие услуги за земјоделски стопанства во согласност со правото на Унијата.
Во однос на руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД почна со објавување јавни повици за проекти.
Капацитетот и задржувањето на кадарот на органите на ИПАРД, особено на Платежната агенција, мора да се решат за да се обезбеди континуитет. Потребно е и да се намалат и задоцнетите исплати одобрени на барателите.
Во однос на политиката за квалитет, забележан е напредок со новиот Законот за виното кој заедно со правната рамка за алкохолни пијалаци, треба целосно да се усогласат со Европското право.
Методија Трајков
