Влада
Промоција на новогодишната кошничка
05.12.2024 08:23
Таа се состои од листа на прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, предложени од производителите и од трговците, а кои за новогодишните празници ќе бидат по ниски цени...

Во Владата ќе се одржи состанок меѓу премиерот Мицкоски и претставниците на стопанските комори за новогодишната потрошувачка кошничка. Таа се состои од листа на прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, предложени од производителите и од трговците, а кои за новогодишните празници ќе бидат по ниски цени. Кошничката ќе вклучува стотици производи, меѓу кои и традиционалните за празниците.
Претходно, еден месец беше спроведена есенска кошничка, со ограничување на профитните маржи за речиси 70 производи.
