Јужна Кореја

Гласањето за отповикување на Јун најрано в петок

05.12.2024 08:32

Импичментот за Јун доаѓа откако тој прогласи воена состојба, која брзо потоа беше поништена...

Опозицијата на Јужна Кореја и официјално поднесе предлог-законот за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол пред парламентот.

Гласањето треба да се изврши најрано в петок. Пратениците од владејачката партија не присуствуваа на седницата во знак на протест.

Импичментот за Јун доаѓа откако тој прогласи воена состојба, која брзо потоа беше поништена, за да може како што тврди опозицијата, да ги запре криминалните истраги за него и неговото семејство.