Политика

СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите од ДУИ

05.12.2024 08:25

Според социјалдемократите, тие не претставуваат решение за кризата и може да значат нови поделби по етничка основа...

СДСМ нема да ги поддржи и да гласа за поднесените интерпелации од ДУИ, заклучок на Извршниот одбор.

Според социјалдемократите, тие не претставуваат решение за кризата и може да значат нови поделби по етничка основа. Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби, велат од СДСМ.

Новото раководство од денеска почнува со интензивни теренски активности, во сите општински организации.