Зеленски со обвинувања до владата во Тбилиси
Украинскиот претседател Зеленски ја обвини грузиската влада за срамен притисок и туркање на земјата во јасна зависност од Русија. Најави соодветни одлуки за санкции.

Во Грузија продолжија протестите против владината одлука за замрзнување на преговорите со ЕУ. За првпат по шест ноќи, полицијата не ја растера толпата. Демонстрантите велат-остануваме да се бориме за нашата слобода и против бруталното насилство, откако претходно полицијата изврши рации во неколку невладини организации и канцеларии на опозицијата, приведувајќи го лидерот на партијата „Коалиција за промени“.
Украинскиот претседател Зеленски ја обвини грузиската влада за срамен притисок и туркање на земјата во јасна зависност од Русија. Најави соодветни одлуки за санкции.
„Кога Москва ги фали властите во Грузија, тоа јасно покажува за кого работат во Тбилиси и за кого ги растураат протестите. Дефинитивно не за Грузија. Разгледуваме правен одговор и работиме со европските и другите партнери на конкретни дејствија. Им дадов инструкции да се подготват соодветни санкции“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Премиерот Кобахидзе рече дека нападите биле насочени кон оние кои поттикнувале насилство за време на протестите во обид да ја соборат неговата влада.
