Нема опасност од афлатоксин во Македонија
По најавите на Србија да го зголеми нивото на афлатоскин од 0.05 на 0,25 микрограми на килограм и по појавата на опасната бактерија листерија, надлежните органи ги засилија инспекциските контроли како на граничните премини при увозот и извозот на стока, така и внате во државата...

Македонски увозници на сточна храна во наредниот период нема да увезуваат од Србија. Ваков став заземаа некои од нив по одлуката на Србија да го зголеми доволеното ниво на афлатоксин од 0,05 на 0,25, со која на производителите на млеко им се дозволи до крајот на годината постепено да го намалуваат нивото на афлатоксин во млекото.
„Во нашиот сектор состојбата е стабилна бидејќи работиме со стара залиха од лани. Годинава очекуваме солидна жетва. Во овој период не увезуваме сточна храна од Србија“, вели Добре Савески, увозник на сточна храна од Тетово.
Според ветернинарниот инспектор Благоевски афлатоксинот и во годините кои што ќе следат ќе биде се повеќе актуелен. И тоа може да биде проблем бидејќи е присутен не само во сточната храна туку и во останатите производи.
„Тие се нивни метаболити, производи кои што кога ќе дојдат во контакт со организмот на животните и луѓето оставаат трајни последици“, вели Андреа Благоевски од агрокомпанија за производство на житни култури.
Од Агенцијата за храна смируваат дека Македонија ќе ја почитува својата одлука за дозволеното ниво на афлатоксин во млекото.
„Агенцијата за храна и ветеринарство донесе едно решение за задолжително лабараториско испитување на сите пратки на млеко и млечни производи коишто доаѓаат од овие погодени подрачија“, изјави Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Редовни контроли на растителните производи се вршат и во фитосанитарната лабораторија.
„Со детекцијата и откривањето дури и она што останува во трагови може да се квантифицира“, вели Сузана Кратовалиева, директор на Фитосанитарна управа.
Во Македонија дозволеното ниво на афлатоскин во млекот е 0,05 микрограми на килограм.
По најавите на Србија да го зголеми нивото на афлатоскин од 0.05 на 0,25 микрограми на килограм и по појавата на опасната бактерија листерија, надлежните органи ги засилија инспекциските контроли како на граничните премини при увозот и извозот на стока, така и внате во државата.
Дијана Цаневска
