Култура

Отворање на изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“

05.12.2024 08:53

Иконите и фреските што се претставени на изложбата се само мал дел од многуте предмети од богатите колекции на Музејот.

Вечерва во Музејот на Македонија, со почеток во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“. Иконите и фреските што се претставени на изложбата се само мал дел од многуте предмети од богатите колекции на Музејот.

Во дел од збирките на Музејот се наоѓаат икони и фрескокопии од целата територија на Македонија, коишто претставуваат важен дел од уметничкото богатство. Тие не се само уметнички дела, туку и духовни симболи коишто верниците ги користат за да се поврзат со божественото.

Ликот на Богородица, како заштитничка и мајка, нуди утеха и надеж, а тоа ја прави една од најчестите фигури во христијанската уметност, бидејќи нејзиниот живот на земјата бил исполнет со морална чистота, светост и со добри дела.

Преку нејзиното девствено зачнување на Спасителот, таа е мостот помеѓу небото и земјата. Низ вековите се развиле мноубројни теми и циклуси поврзани за нејзниот лик и дело, произлезени од старозаветните книги.

Автори на концепцијата за изложбата се Марија Петковска и м-р Татјана Трајковиќ, кустоси во Музејот.