МВР

Приведен осомничен за палењето во Куманово

05.12.2024 10:10

Лицето било приведено еден час по полноќ во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на секторите...

Триесет и петгодишно лице е приведено, бидејќи е осомничено за палењето на три возила и еден деловен објект во Куманово.

Лицето било приведено еден час по полноќ во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на секторите, информира полицијата.

Кумановецот бил приведен и задржан во полициска станица Куманово. Против него ќе следува соодветна пријава.