Свет

„Амнести интернешнал“ го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

05.12.2024 11:40

Организацијата за човекови права „Амнести интернешнал“ објави извештај од 300 страници во кој го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, истакнувајќи дека израелската војска намерно извршила воени злосторства за време на офанзивата...

Организацијата за човекови права „Амнести интернешнал“ објави извештај од 300 страници во кој го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, истакнувајќи дека израелската војска намерно извршила воени злосторства за време на офанзивата. Тел Авив постојано ги отфрла ваквите обвинувања, нарекувајќи ги своите дејствија одбранбени и повикувајќи се на своето право на самоодбрана.

„Израел изврши и продолжува да врши геноцид врз Палестинците во окупираниот Појас Газа. Ден по ден, се случува целосен масакр пред очите на светот и не се гледа крај.. Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: Ова е геноцид. Ова мора веднаш да престане“, изјави Ањес Каламар,  генерална секретарка на „Амнести Интернешнал“.