Свет

Сириските бунтовници го опколија клучниот град Хама

05.12.2024 11:44

Хама е од клучно значење за сириската војска, бидејќи е оддалечен на само 200 километри од главниот град Дамаск...

Сириските бунтовници го опколија клучниот град Хама од три страни и покрај контраофанзивата на владините сили и нивните сојузници. Хама е од клучно значење за сириската војска, бидејќи е оддалечен на само 200 километри од главниот град Дамаск. Неговото освојување ќе им овозможи на бунтовничките групи да напредуваат кон Хомс.

Во истовреме, Украина категорично ги отфрли руските обвинувања дека Киев ги поддржува исламистичките бунтовници во Сирија, наведувајќи дека Москва и Техеран се одговорни за влошувањето на безбедносната ситуација во земјата.