Кос: Ќе направам сѐ билатералните спорови да не стојат на патот на проширувањето
Кос нагласи дека на средбите со лидерите од земјите од Западен Балкан претходните два дена им порачала дека може да сметаат на неа како на член на тимовите што ќе работат на нивното приближување кон ЕУ.
Ќе направам сѐ да обезбедам билатералните спорови од минатото да не можат постојано да стојат на патот кон нашата заедничка цел – приближување на земјите од Западниот Балкан кон Европска Унија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на форумот „Самит ЕУ- Западен Балкан: Обновен пристап кон регионот“ во организација на бриселскиот тинк тенк „Пријатели на Европа“.
Според неа, ЕУ за првпат има реален пристап со кој до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија би можеле да бидат донесени една или повеќе земји кандидати за членство.
Кос нагласи дека на средбите со лидерите од земјите од Западен Балкан претходните два дена им порачала дека може да сметаат на неа како на член на тимовите што ќе работат на нивното приближување кон ЕУ.
Не е само прашањето кога ЕУ ќе прими нови членки, туку и што можат да направат кандидатите за членство за посилна и побезбедна Европа, нагласувајќи дека процесот на проширување ќе остане базиран на заслуги и остварување, пред сѐ во однос на владеењето на правото, нагласи еврокомесарката за проширување.
