Потпишан договор за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива помеѓу ДПИ и Бирото за метрологија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишан договор за соработка меѓу Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива, има за цел заострување на контролите за квалитетот на течните горива...

Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишан договор за соработка меѓу Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива, има за цел заострување на контролите за квалитетот на течните горива и да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.
Договорот го потпишаа директорите на двете институции – Влатко Стојкоски од Државниот пазарен инспекторат и Седад Рушани од Бирото за метрологија, во присуство на министерката Сања Божиновска, со што ја формализираа соработката насочена кон поголема контрола и транспарентност во обезбедувањето на квалитетни течни горива.
Во изминатите пет години, и покрај склучените договори за соработка, беа реализирани незначителен број анализи на течни горива, а со овој договор се предвидува драстично зголемување на обемот на инспекциските проверки. Инспекциските тимови ќе ја користат лабораторијата за мострирање и тестирање согласно однапред дефинирани годишни планови, но и за вонредни инспекции.
Со користење на акредитираната лабораторија на Бирото за метрологија, инспекциските тимови ќе спроведуваат детални и брзи тестирања на терен, што ќе ја гарантира контролата на квалитетот и ќе испрати јасна порака дека неквалитетните горива немаат место на нашиот пазар.
