мвр

Претрес во Скопје, пронајден хероин

05.12.2024 20:32

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик...

Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на А.Т.(39) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба.

При претресот е пронајден и одземен хероин. А.Т. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.