Собрание
Одбележување на Меѓународниот ден на борба со корупцијата
05.12.2024 13:21
Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните, таа мора да се искорени за да се постигне одреден напредок...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија.
Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните, таа мора да се искорени за да се постигне одреден напредок. Ова е една од пораките што се слушнаа на одбележувањето на Меѓународниот ден на борба со корупцијата што се одржува во Собранието.
Анита Димитријевска-Велкоска известува.
