ДЗС
Угостителските услуги поскапеле за шест проценти во ноември на годишно ниво
05.12.2024 19:48
Во периодот јануари – ноември годинава споредено со истиот период лани угостителските услуги поскапеле за 5,6 проценти...

Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври годинава се зголемени за 0,1 процент, а споредено со ноември лани за шест проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – ноември годинава споредено со истиот период лани угостителските услуги поскапеле за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3,3 проценти, наведува ДЗС.
