Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на борба со корупцијата
Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните, таа мора да се искорени за да се постигне одреден напредок. Ова е една од пораките што се слушнаа на одбележувањето на Меѓународниот ден на борба со корупцијата што се одржува во Собранието …

По иницијатива на Антикорупциска се почнати неколку предистражни постапки, а Комисијата отвара случаи за предмети од широк јавен интерес. Претседателката на ова тело, на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата побара поголема ажурност од државните институции.
Улогата на Собранието е да носи закони отпорни на корупција, вели првиот парламентарец Гаши. Тој иницирал усвојување на уставен амандман за незастарување на случаите на политичка корупција.
Европските партнери со забелешка дека политичарите даваат само декларативни изјави за борба со корупцијата, но во пракса, според нивни согледувања, ништо не се менува. Порака до Владата, Собранието и општините – е да ја имплементираат реформската агенда.
Обвинителот Елвин Вели потсети дека по налог на републичкиот обвинител се поделени упатства до пониските обвинителства, приоритет да се даде на случаите на високопрофилирана корупција.
Анита Димитријевска – Велковска
