На УКЛО промовирани десет доктори на науки
Второформираниот универзитет во земјава „Св. Климент Охридски“ со свечена академија го одбележа јубилејот 45 години постоење и 100 години од научниот институт за тутун во Прилеп. За најдобрите девет студенти доделени заслужни признанија...

Дипломираниот економист Марија Николоска која иднината ја гледа во сопствената земја со просек 10 е првата од најдобрите девет студенти во годината кога Универзитетот по мотото „Еден век наука и знаење“ го одбележува големиот јубилеј.
Четири ипол децениски растеж кој потврди дека битолскиот универзитет е нешто повеќе од обичен високообразовен центар
Од минатата година ректорската управа ја спроведува европската визија. Како прв наш Универзитет член на европското колорс семејство и европската алијанса. Нова можност за студентите, но и да се посегне по решавањето на горливото прашање одливот на младите мозоци.
Ректорот Неделковски смета дека тоа е една од позитивните причини за 12 проценти да се зголеми на новозапишани студенти, во услови кога имавме за над пет посто помал број на матуранти. Како новина најави дека од годинава УКЛО ќе биде дел од некои рејтинг листи.
Стевче Митревски
