Четворица повредени во експлозија во Сопиште

24.07.2014 19:12

Четири лица се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во скопско Сопиште. Експлозијата се случила попладнево околу 17:00 часот.
 
„Три лица кои работеле на самиот процес се повредени, додека четвртото лице е делумно повредено“, изјави командирот на Противпожарната бригада, Благоја Менковски повиќувајќи се на исказот од претставникот на СВР Скопје.
 
Менковски додаде дека две возила со осум пожарникари во моментот се на местото на експлозијата и ќе останат таму се додека е потребно.
 
Според првичните информации повреденитe лица се префрлени во градска болница каде им се укажува лекарска помош. Во меѓувреме се врши увид на местото на несреќата, а таму се наоѓа и трудова инспекција.