Куманово

Со пошумување до почиста средина и воздух

05.12.2024 18:07

Со над 800 илјади садници ќе се пошумуваат реоните на липковско, светиниколско, Демир Капија, Гевгелија. Ќе биде опфатена површина од 400 хектари. Целта е да се обнови шумскиот фонд, заштити почвата од ерозија, но и придонесе за намалување на аерозагадувањето. Во акцијата која се организира со поддршка на Обединетите нации се вклучени министерството за животна средина и национални шуми. Министерот Меџити потенцира за почист воздух освен пошумување, неопходно е да започне процесот за гасификација на целата држава. Тој најавува и нови мерки.

„Ќе субвенционираме како Влада граѓаните во урбаните средини каде што е најзагадено да се вратат на централно греење коешто е најчисто, воедно во однос на јавниот транспорт дониравме 6 автобуси преку ЕУ, но планираме и како Влада да купиме 120 електрични автобуси“, истакна министерот.

Освен во Липково, се пошумуваше и во Куманово, во рамки на европски проект за почист воздух. Градот од почетокот на грејната сезона е на листата најзагадени во државата. Во централното подрачје каде што и загадувањето е најголемо, ќе се засадат речиси 2.000 садници. Со поддршка на ЕУ на природен гас ќе се затоплуваат и девет објекти.

-Наша цел е да ѝ помогнеме на Македонија да го намалиме загадувањето и да се подобрат условите во животната средина. Исто така да се постигнат целите и на ЕУ да се постигне јаглеродна неутралност до одреден период-нагласи Штефан Худолин, претставник на ЕУ делегација.

„Овие дрвја ги садиме со цел да постигнеме позелена, поздрава, поотпорна и поодржлива средина, но најмногу од се за да го намалиме загадувањето на воздухот и да ја подобриме животната средина“, дополни Марко Вујачиќ, раководител УНОПС.

Европската унија ќе одвои над еден милион евра за поддршка на Куманово за справување со аерозагадување. Од Општина Куманово најавуваат субвенции за граѓаните за набавка на клима уреди од идната година.

Елена Георгиевска