Македонија

Прилеп: 100 години научна дејност на Институт за тутун

05.12.2024 18:48

Институтот за тутун во Прилеп единствената научна институција од ваков вид во земјава, на свеченост одбележа 100 години научна дејност. Тутунот е земјоделско индустриска гранка која и носи девизен прилив на државата. Сега е откупот на годинашново производство на тутун кое е преполовено. Државата најавува мерки за зголемување на производството, а тутунарите остануваат на ставот за повисоки цени

Од опитна станица за тутун, по еден век, реномирана научна институција за усовршување на сорти тутун и за развој на тутунската индустриска гранка. Прилепскиот Институт за тутун е единствена научна институција од таков вид во земјава.

Производството на тутун во земјава моментално е преполовено.

Среде откупот на годинашнава реколта актуелни се потребите од зголемување на производството и реална процена на трудот на производителите за да остане исплатлива оваа индустриска гранка која носи девизен прилив.

Досега во земјава 10 откупувачи презеле околу 1.400 тони по цена од 374 денари.

 

Елизабета Митреска