Билатерала

Мицкоски-Касаноф: Еврпоските интеграции, врвен стратешки приоритет

05.12.2024 19:22

САД ќе ја продолжи поддршката во реформите на држава за целосна интеграција во Европската унија, од Скопје порача високиот американски дипломат за Западен Балкан, Касаноф. Од премиерот Мицкоски доби уверување дека се работи на домашните задачи во реформите за владеење на правото и ефикасност на институциите...

Европските интеграции се наш врвен стратешки приоритет. Владата работи на реформите кои ќе обезбедат владеење на правото, транспарентност и ефикасност на институциите, порача премиерот Мицкоски по средбата со американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Александар Касаноф. Во услови на променета геополитика наш главен сојузник и партнер се САД. Ова партнерство се темели на заедничка соработка во борбата против корупцијата и во остварувањето на реформите, рече премиерот Мицкоски.

Иднината на Македонија е навистина светла и САД ќе останат со вас, за да ги исполните вашите цели, за просперитетна демократија, целосно интегрирана во ЕУ, став на заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. Тој не можеше да каже каков ќе биде ставот на администрацијата на Трамп кон европската интеграција на Македонија, но потврди дека до крајот на мандатот на Бајден, Вашингтон ќе ги поддржува европските реформи на земјава.

Ги препознаваме предизвиците со кои се соочивте за да станете членка на НАТО изјави американскиот дипломат. Сега од вас бараат уште за членство во ЕУ, рече Касаноф. За проширувањето на т.н. црна листа, вели дека во САД е приоритет на којашто во моментов работат.

Александра Спировска