САД

Земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди Калифорнија

05.12.2024 21:30

Епицентарот на земјотресот бил на 108 килметри северозападно од градот Фортуна...

Силен земјотрес ја погоди морската област на северот на Калифорнија, објави ЕМСЦ.

Земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтер, на длабочина од десетина километри, наведува ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на 108 килметри северозападно од градот Фортуна.

Издадено е предупредување за цунами.