Втора седница на Социо-економскиот совет
На пладне во Владата на маса пред членовите Буџетот за 2025-та, минималната плата и платите во јавниот сектор. Сојузот на синдикати на Македонија не отстапуваат од нивните барања минималецот да изнесува 450 евра...

Нова шанса за раст на минималната плата на Социо-економскиот совет. На пладне во Владата на маса пред членовите Буџетот за 2025-та, минималната плата и платите во јавниот сектор. Сојузот на синдикати на Македонија не отстапуваат од нивните барања минималецот да изнесува 450 евра. На претходниот состанок министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши рече дека има политичка волја за барањето на ССМ, а тој лично би сакал минималната плата да биде и 600 евра, но, прво да се види дали Буџетот може да го издржи тоа.
Според синдикатите, зголемувањето на минималецот нема да биде голем товар за државниот буџет со оглед на тоа што речиси 37.000 работници земаат до или под минималната плата.
