Собрание

Претседателот на Собранието Гаши во посета на Охрид

06.12.2024 08:06

Гаши за време на посетата ќе се сретне со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и со семејството Филеви, кое се занимава со изработка на охридски бисери...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе престојува во Охрид, каде ќе ги посети канцелариите за контакт со граѓаните.

Како што најавија од собраниската прес-служба, Гаши за време на посетата ќе се сретне со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и со семејството Филеви, кое се занимава со изработка на охридски бисери.