Во Франција за неколку дена ќе биде именуван нов премиер
Макрон најави дека ќе именува нов премиер во рок од неколку дена по оставката на Мишел Барние...
![](https://mrt.com.mk/sites/default/files/44_70.jpg)
Ден по историското гласање за недоверба во Националното собрание што ја остави Франција без функционална влада, францускиот претседател изјави дека е неопходно новиот буџет да биде донесен на почетокот на следната година. Макрон најави дека ќе именува нов премиер во рок од неколку дена по оставката на Мишел Барние.
„На почетокот на следната година новата влада ќе подготви нов буџет. Одбивам французите ја платат цената на ова гласање недоверба. Исто така ни треба овој буџет за да и овозможиме на земјата да инвестира, како што е планирано, во армијата, правосудниот систем, нашите полициски сили, земјоделците“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Макрон потврди дека ќе остане на функцијата претседател до крајот на мандатот, до мај 2027.