Ветеринарство

Европската комисија за состојбите во ветеринарството

06.12.2024 08:19

Европската комисија во однос на безбедноста на храната во својот извештај за 2024 година, наведува дека се донесени измени на законот за безбедност на храната. Изготвен е нов закон за службени контроли, но допрва треба да се донесе националниот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна...

Допрва треба да се донесе нов Закон за ветеринарно здравство, за усогласување со регулативата на ЕУ, вклучително и за контролата на болести.

Агенцијата за храна и ветеринарство предвидува редовно ажурирање на мерките за заштита при увоз и на барањата за увоз на живи животни и производи од животинско потекло.

Агенцијата има програма за активен и пасивен надзор за разни болести, кои треба да се усогласат со законот на ЕУ. Собирањето, проверката и анализата на податоците остануваат недоволни, а нема ни кампањи за вакцинација против беснилото есента 23-та и пролетта 2024 година.

Бројот собрани примероци за следење на оваа болест е недоволен за веродостојни податоци за нејзино откривање. Во однос на правилата за безбедност на храната, изготвени се под законски акти за додавање витамини и минерали и одредени супстанции во прехранбените производи.

Агенцијата продолжи да спроведува програма за следење на безбедноста на храната, но податоците дополнително ќе се анализираат.

 

Методија Трајков