Заклетва на 36 нови волонтери на Мировниот корпус
36 нови волонтери од американскиот Мировен корпус денеска ќе ја почнат двогодишната служба во Македонија со положување на свечена заклетва по 11-неделната обука за изучување на македонскиот и албанскиот јазик.

Ова е 27-мата група која ќе живее и работи во повеќе градови во земјава како наставници по англиски јазик и специјалисти за развој на заедницата во соработка со различни организации и општини. Тие ќе се приклучат на групата од над 900 волонтери на Мировниот корпус кои од отворањето на првата канцеларија во 1996-та биле на служба во Македонија. На свеченоста во Музејот на македонската револуционерна борба ќе се обрати американската амбасадорка Анџела Агелер, министерката за образование Весна Јаневска, а поканети се и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за локална самоуправа Зоран Перински, претставници на организациите партнери и семејствата домаќини на волонтерите.