УКРАИНА
Руските сили во обид да го преминат Днепар
06.12.2024 08:23
Командата на јужните одбранбени сили добила информации дека руската страна ќе се обиде да го премине Днепар, што претставува опасност за Херсон...

Продолжуваат битките во украинскиот фронт. Командата на јужните одбранбени сили добила информации дека руската страна ќе се обиде да го премине Днепар, што претставува опасност за Херсон. Министерот за одбрана на Украина најави дека бранителите во идната година ќе добијат 30.000 беспилотни летала способни за удари од долг дострел.
Рускиот претседател Путин изјави дека она што се случува во правец на Украина ќе го одреди животот на Русија во годините што доаѓаат.
