Израел и Хамас блиску до примирје
Договорот за ставање крај на 14-месечната војна е на дофат велат од милитантната група. Од Тел Авив потврдија дека се сериозни во напорите да се постигне договор со кој би се ослободиле сите заложници што ги држи Хамас во Газа...

Меѓународните посредници ги продолжија преговорите со Хамас и Израел за прекин на огнот во Газа. Договорот за ставање крај на 14-месечната војна е на дофат велат од милитантната група. Од Тел Авив потврдија дека се сериозни во напорите да се постигне договор со кој би се ослободиле сите заложници што ги држи Хамас во Газа.
„Се надеваме дека промените, особено во САД по изборот на претседателот Трамп, кој за време на изборната кампања гласно изјави дека ќе ги прекине сите војни позитивно ќе влијае на ситуацијата и што е можно поскоро ќе можеме да постигнеме прекин на огнот во Газа. Сигурен сум дека Хамас е подготвен да преговара за спроведувањето на овој договор, бидејќи на терен има многу тешкотии и предизвици“, изјави Басем Наим, функционер на Хамас.
„Израел е сериозен за постигнување договор за заложниците и се надевам дека ќе го направиме тоа што е можно поскоро“, изјави Гидеон Сар, министер за надворешни работи на Израел.
Претходно Хамас соопшти дека ја прифатиле иницијативата на Египет за формирање заеднички палестински комитет за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната.
