АМСМ

Сообраќајот на патиштата се одвива тековно во зимски услови

06.12.2024 08:51

Слаб снег провејува во Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово, информираат од АМСМ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.