Мексико се враќа во календарот во Ф1

24.07.2014 19:59

По пауза од 23 години Ф1 се враќа во Мексико. Договорот е потпишан на 5 години, со опција за продолжување на уште пет , а враќањето на Гран При на Автодромот “Ернанос Родригез“ во Мексико Сити е планирано за крајот на сезоната во 2015 година. Истата патека беше домаќин на Големата награда на Мексико во периодот од 1963 – 70 година, а потоа и од 1986 – 92 година, кога последен пат победи Најџел Мансел од велика Британија. Со потпишувањето на оваа соработка, Мексико е трета земја од Северна и Средна Америка која ќе има своја Ф1 трка, по Канада во Монтреал и САД во Остин.

Како што засега стојат работите, тоа би била 20 трка во календарот со што би бил достигнат дозволениот максимум следната година. Мексиканците се надеваат да навиваат за своите, Серхио Перез кој настапува за Форс Индиа, како и за Естебан Гутиерез, иако неговата иднина во Заубер сеуште не е потврдена за следната сезона.