ухмр

Утрово најстудено на Попова Шапка

06.12.2024 09:18

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 53 сантиметри, на Попова Шапка 49, во Крушево 16, а во Лазарополе четири сантиметри...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија. До 08:30 часот се измерени и -1 степен во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Тетово и Дебар, 4 во Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор и Прилеп, 5 во Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид и Виница, 6 во Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес и Штип, како и 7 степени во Струмица.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 53 сантиметри, на Попова Шапка 49, во Крушево 16, а во Лазарополе четири сантиметри, информира УХМР.