Театар
Премиера на „По име Господин“ во прилепскиот театар
06.12.2024 10:44
Крајот на годинава многу активен во прилепскиот театар, вечер ансамблот ќе ја изведе најновата премиерна претстава, а до крајот на декември се очекува уште една...

Потрагата по индивидуалната слобода, да се отфрлат општествените правила и норми кои ги обезвреднуваат нашите животи е основата на најновата претстава на прилепскиот театар чија премиера ѝ ја претставува на публиката.
Претставата „По име Господин“ е современа фарса.
Ансамблот на театарот е засилен со млади актерски имиња кои сè уште чекаат вработување.
Ова е втора соработка на режисерот со ансамблот, а прилепскиот театар до крајот на годинава ќе понуди уште една премиерна претстава.
Елизабета Митреска
