МВР

Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

06.12.2024 10:51

При преглед во патничко возило „Пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници.

Утрово околу 05.40 часот на автопатот Демир Капија - Скопје, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Ч.(36) од Република Турција.

При преглед во патничко возило „Пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници. М.Ч. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно - транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.