МВР

Приведен крадец, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

06.12.2024 17:53

Вчера во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(35) од с. Доброште...

Вчера во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(35) од с. Доброште. Тој се сомничи дека одзел патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Р.В.(37) од с. Доброште, а кое беше пријавено на 03.12.2024 во Полициското одделение Теарце.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок, додека одземеното возило ќе му биде вратено на сопственикот, соопштуваат од МВР.