ЈУЖНА КОРЕЈА
Владејачката партија на Јужна Кореја бара смена на претседателот
06.12.2024 11:58
Јужнокорејската владејачка партија го повика претседателот Јун Сук Јеол да поднесе оставка поради голема опасност шефот на државата повторно да се обиде да прогласи воена состојба...

Јужнокорејската владејачка партија го повика претседателот Јун Сук Јеол да поднесе оставка поради голема опасност шефот на државата повторно да се обиде да прогласи воена состојба.
Од партијата тврдат дека имаат докази за налози за апсење на водечките политичари. Опозицијата веќе покрена иницијатива за смена на Јун, за која се очекува да се гласа утре.
Јужнокорејскиот шеф на државата прогласи воена состојба на трети декември, но беше принуден да ја повлече одлуката откако пратениците се судрија со војската во парламентот и гласаа за поништување на одлуката.
