Критична состојбата на тројцата повредени во експлозија во фабриката во Сопиште
25.07.2014 10:05
Според докторите, примени се со 90 насто изгореници по телото. До експлозијата дошло во моментот кога се работело во фабриката при што потоа не настанал поголем пожар...

Се уште е крајно критична состојбата на тројцата повредени во екплозијата на фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште. Двајцата мажи и жената дишат со помош на апарати.
Според докторите, примени се со 90 насто изгореници по телото. До експлозијата дошло во моментот кога се работело во фабриката при што потоа не настанал поголем пожар.
Екипите на противпожарната служба веднаш пристигнале на местото на несреќата и го локализирале малиот пожар. Полицијата вршеше увид до доцна синока.
Денеска се очекуваат повеќе детали.
