Одбрана

Заврши меѓународната воена вежба „Maple Arch 24“

06.12.2024 15:46

Меѓународната воена вежба „Maple Arch 24“ во која беа вклучени 600 војници од шест држави заврши. Канада беше организатор, Македонија домаќин а учествуваа и војници од Полска и Литванија, членки на НАТО, но и од Украина и Грузија две партнерски земји. За 25 години одржување таа за прв пат освен симулација, опфати и теренски активности...

По двонеделни активности заврши меѓународната воена вежба „Maple Arch 24“.

На неа учествуваа 600 војници од четири сојузнички армии од НАТО – Канада како организатор, Македонија како домаќин, Полска и Литванија и од две партнерски земји Грузија и Украина.

Bo центарот за симулации во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“, се одвиваше дел од вежбата а вториот беше на терен, на полигонот „Криволак“. И тоа е за прв пат, за овие 25 години организирање на вежбата, да се случува истовремено.

Вежбата „Maple Arch 24“ е компјутерски асистирана вежба, комбинирана со теренски активности кои се одвиваат истовремено. Таа траеше две седмици.

 

Петар Печков