Нови американски волонтери почнаа служба во Македонија
36 нови волонтери од Американскиот Мировен корпус ја почнуваат двегодишната служба во Македонија со положување свечена заклетва по 11-неделната обука за изучување на македонскиот и албанскиот јазик. Ова е 27-мата група што ќе живее и работи во повеќе градови во земјава...

Триесет и шест нови волонтери од американскиот Мировен корпус ја почнаа двогодишната служба во Македонија со положување свечена заклетва по 11-неделната обука за изучување на македонскиот јазик.
Доаѓаат од различни краеви на САД со цел да помогнат на луѓето во Македонија и да ја запознаат нашата култура, традиција и природни убавини.
Волонтерите го зајакнуваат пријателството меѓу Американците и Македонците, сметаат американските дипломати.
Ова е 27-мата група која ќе живее и работи во повеќе градови во земјава како помошници-наставници по англиски јазик и специјалисти за развој на заедницата во соработка со различни организации и општини.
Во Македонија има 51 волонтер на мировниот корпус. 15 коишто го завршуваат својот мандат и новите 36 волонтери кои штотуку го почнуваат.
Ирина Гелевска
