Македонија

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

06.12.2024 14:38

Министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција информираше дека извршени се корекции на коефициентите во Анексот согласно зголемувањето на минималната бруто плата во март годинава...

Официјализирана е постапката за зголемување на платите на здравствените работници, откако денеска беше потпишан анекс на Колективниот договор за здравствена дејност со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција информираше дека извршени се корекции на коефициентите во Анексот согласно зголемувањето на минималната бруто плата во март годинава, која беше зголемена во бруто износ од 29.739 денари на 33.352 денари или за 3.613 денари.

Врз основа на корекцијата на минималната плата направена е корекција на коефициентите во Колективниот договор во сите групи на сложеност, со коефициент 0,233, што во бруто износ е 3.636 денари.