Конференција

НУБ „Св. Климент Охридски“ со научна средба го одбележа патронатот

06.12.2024 16:56

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска го одбележа патрониот празник кој годинава е во знакот на 80-годишнината на основањето на Библиотеката. Библиотеката минува низ тешки предизвици, лоши услови во објектот, како и недостаток на кадар...

Професорите незадоволни од состојбите во кои се наоѓа македонското образование денес. Сметаат дека многу малку се работи на писменоста на учениците, а дел од младите воопшто велат дека не знаат кој е Св. Климент Охридски, беше посочено на научната средба по повод патрониот празник на Националната и универзитетска библиотека која го носи името на светецот.

Националната и универзитетска библиотека е ризница на македонскиот пишан збор и чувар на македонската историја, но и покрај напорите таа минува низ тешки предизвици, лоши услови во објектот на библиотеката, но и недостатокот од кадар вели директорот Јовица Никчевски.

По повод патронатот доделени јубилејни награди за вработените кои дале особен придонес во работата на Националната и универзитетска библиотека.

 

Викторија Милевска