Тројца припадници на обезбедувањето на Гаши повредени во сообраќајна несреќа
Случајот го потврди спикерот Гаши, при денешната посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид посочувајќи дека лицата се во добра здравствена состојба, но вечерва ќе бидат задржани во болница.

Тројца припадници од обезбедување на претседателот на Собранието Африм Гаши се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат задржани во болница.
Случајот го потврди спикерот Гаши, при денешната посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид посочувајќи дека лицата се во добра здравствена состојба, но вечерва ќе бидат задржани во болница.
Случајот, како што нагласи, е уште една порака до сите инволвирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид да се работи интензивно и квалитетно.
МВР соопшти дека денеска во 10:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, од патот излетало патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.
