Македонија

Продолжува бојкотот во основното училиште „Лазо Ангеловски“

06.12.2024 15:22

Бојкотот на наставата ќе продолжи сè додека надлежните не најдат решение на проблемот којшто трае три години. Министерката Јаневска не сакаше да одговори дали родителите на ученикот соработуваат со институциите.

Сè уште нема настава во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром. 1.500 ученици се дома поради случајот со проблематичниот третоодделенец. Од неговото одделение си заминале десетина ученици и две наставнички, сите знаеле зошто, но ништо не било преземено – реагира Советот на родители, од каде ги обвинија стручните служби дека не постапувале навреме, иако тие одамна и во неколку наврати го вклучувале алармот и сигнализирале на проблеми.

Бојкотот на наставата ќе продолжи сè додека надлежните не најдат решение на проблемот којшто трае три години. Министерката Јаневска не сакаше да одговори дали родителите на ученикот соработуваат со институциите.

Лекарите велат, на родителите им е тешко да си признаат дека нивното дете има проблем, без оглед дали се работи за задоцнет говор од некоја причина или некое проблематично однесување.

Доктор Андоновски вели, искуството покажува дека кај нив во Заводот многу почесто жртвите на насилство бараат помош.

Наташа Јанчиќ Менковски